|
Металот владее (точка). Елфасковци на својот најубав форум ( http://www.elfasko.org.mk/smforum ) развија дискусија за развојот на метал-музика (хеви, траш, готик итн.) Беа изнесени неколку различни мислења за развојот на метал музиката. Да не ја тупам многу подолу ќе прочитате за елфасковската гледна точка за развојот на метал музиката по правци.
|
|
Прочитај повеќе...
|
| |
|
 Ова не е е(ова второво е не е е од обичните е, значи во нашот јазик си има и е со апостров од озгоре такво е е, такво е - од необичните), извинете за големава, нема врска - толкава реченица. И професерот во средно за тоа ме караше и ми пишуваше забелешки. Скоро и да се разбравме! Наредно - многу сум изнервиран, исто како што бил „Ѓорѓи сардисан“! Ете така! Не се смејте ќе ви извадам - „нагант револвер“, поготово нa blog.mk на него нека оди револверот, него му ја собрав нервозата! А оздола ми иде либето со двајца верни другари - либето ми беше трендафил, а другари беа гранчиња.
Нема ова врска и тоа тотално - ни насловот ни воведот. Ова сето е од чиста нервоза! Јас си заљубив друго либе! И затоа ќе го проследите ланското семинарско доживување, со наслов:
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Како да... бидеш национал-шовинист |
|
Овој текст е целосно осмислен како пародија/сатира и како таков во ниту
еден случај не треба да се сфаќа сериозно. Ако некој се чувствува
нелагодно поради ваквиот хумор, го молиме да не кликнува на повеќе и да
си избегне непотребна нервоза. Ова последново намерно го потенцираме, да
не некој после ни ја дигне милата ни барака во воздух во напад на
(анти)национал-шовинистички бес...
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Нашата најмила ем најдрага а воедно и најзгодна соработничка која некогаш чекорела низ Елфасковската одаја, Стојна Елфасковска, се здоби со статус: невеста бегалка.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Буљо, ијам голема нужда да ти се исповедам, зашто попот беше заузет. Ха, ха, ха мала шала не е на одмер. Баш у овој тренутак удрив една туширанција и скинав пола кило рѓа од моето boddy. Фацава ми се спури од длакавии и знојави мишки у аутобус: мелодичен хаос од фолклорни звуци проткаен со примеси на згужвани сукњи, згмечени јагоди, реа од кромид, малиција, јуфки, депилирани, бричени, небричени ноги и руки, клизави држачи и ја.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Мајстор не е заебанција. Кога ќе се каже мајстор некои погрешно ќе сфатат, затоа што се преобразувани и веднаш помислуваат на: ѕидар, тишлер, бичкаџија, молер, тапетар или со еден збор на амалска професија. Мајстор е уствари: ШОФЕР У ГРАТСКИ.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Ова што ќе го прочитате кога ќе кликнете на повеќе е најпознатата хумореска која долги години се провлекуваше низ студентските кругови. Инаку оваа хумореска беше раскажувана од страна на проф.д-р Панчо Врангалов, професор во пезнија кој го држеше предметот Основи на електротехника I и Основи на електротехника II. Професорот ја раскажуваше оваа хумореска на бруцошите на првиот час секоја учебна година, а Елфасковци еден ден го замолија да им ја раскаже за подоцна оваа хумореска да се појави во јубилејниот 10-број на Елфаско (кој сака може слободно да го симне од нашиот портал). Да не должам многу слободно кликнете на повеќе и прочитајте за двајцата пријатели Петја и Витја.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Пребарувајки низ некои фајлови во мојот застарен компјутер најдов еден документ со наслов Плавуши. Појма немав дека го имам овој документ во компјутер, мислев дека одамнa му имав удрено shift+delete+enter. Од пред година и пол со тогашниот ми комшија еден ден се решивме да направиме колекција од најпознати шали за плавуши. Собравме прилично многу, некои од нив се општо народни-познати, некои помалце, а за мал дел од нив прв пат имав слушнато. Енивеј, бидејки сега повторно го имам, на мое лично задоволство, решив да го споделам со вас со цел да ве насмеам вака понеделнички, пред спиење или што и друго да работите ова време. Со клик на повеќе следуваат ди бест оф плавуши. А да, доколу некој сака да излезе со девојката од сликата да ви кажам дека она веќе е среќно омажена за еден млад дечко од Коџобаир.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
|